6 C
Skopje
сабота, мај 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Конечно ќе може да се вози по автопатот Миладиновци – Штип

    Во следниве две недели официјално ќе се пушти во употреба автопатот Миладиновци – Штип.

    Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов вели дека единствена пречка за работа е само дождот. Колку помалку ќе врне толку побрзо ќе биде наместена оградата на автопатот.

    Китанов уверува дека уште на 19 – ти декември добил известување од изведувачот Синохидро дека автопатот е готов, но потоа државните инспектори увиделе дека мрежите покрај автопатот не се завршени. Уште десетина километри од делницата не се оградени.

    „Ако земете во предвид дека некаде на еден километар на ден се поставува мрежа, значи за 10 до 15 дена ќе биде пуштен патот. На некои места ќе има времен сообраќаен режим, каде што ќе се прават клучките за помошните населени места, за сервисните патишта за да граѓаните си одат до своите парцели“, рече Зоран Китанов, директор на ЈПДП.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.