6 C
Skopje
сабота, мај 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Конечно е познато кога ќе биде пуштен во употреба “готовиот“ автопат Миладиновци-Штип

    Иако е готов автопатот Миладиновци – Штип ќе биде пуштен во употреба кон средината на мај.

    Датумот за негово пуштање неколку пати досега беше преместуван поради тоа што не биле предвидени пристапни патишта за околните населени места. Директорот на ЈП за државни патишта вели дека безбедноста на граѓаните е најважна и затоа не се брза со негово пуштање.

    -Во проектот немаше патишта кои што се сервисирани за локалното население од околината. Тоа е делот веднаш спроти Свети Николе каде што има над 50 куќи кои што никако не биле опфатени, а претходно излегувале директно на патот. Никако не биле опфатени како да одат сега до Свети Николе. Ние го видовме тоа, се проектираше надпатникот и тој е готов. Сега останува за странично да се поврзе и да се спои со тие населени места, рече Директорот на ЈП Државни патишта Зоран Китанов.

    Претпријатието има раст на реализацијата на капиталните проекти, но и на наплатата на патарините е зголемена за над 6 отсто. Односно, од 1 јануари досега прибрани се 7,7 милиони евра.  Раст за 68 проценти се бележи и во делот на експропријација.

    -Во првиот квартал од 2019 година реализиравме 48 милиони евра капитални инвестиции само преку нашиот буџет, односно буџетот на ЈПДП, за разлика од 15,3 милиони евра реализирани инвестиции во истиот квартал од 2018 година. Тоа значи дека за 3 пати повеќе или за преку 200 проценти зголемување на реализација на проектите во првиот квартал од оваа година, во споредба со првиот квартал од 2018 година, рече Китанов.

    Реализацијата на капиталните проекти од државни пари годинава почна полошо од лани. Во првите два месеци реализирани се 3,53 отсто. Односно, потрешени се само 15 од скоро 420 милиони евра. Сепак, министерот за транспорт уверува дека реализацијата преку ЈПДП ќе придонесе за поголема реализација на капиталните. Временските услови дозволија градежната сезона да почне. Според Сугарески, веќе интензивно се работи на патишта ширум целата земја.

    Извор: Sitel.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.