Без сечење на лента и после скоро две години одложување денеска возачите конечно можат да возат по новиот автопат Миладиновци-Штип, кратко информираше Авто-мото сојузот.
Од Агенцијата за патишта не одговорија зошто немаше официјално пуштање во употреба на новата долгоочекувана автопатска делница кон Источна Македонија за која јавноста со месеци чекаше информација. Директорот Зоран Китанов кратко за медиумите одговори – автопатот е пуштен бидејќи биле исполнети условите.
„Почитувани, автопатот е пуштен со исполнување на условите за тоа. Најважно е граѓаните да возат безбедно по новиот и модерен автопат. Се замолуваат учесниците во сообраќајот да ја почитуваат сообраќајната сигнализација“, рече Зоран Китанов, директор на Агенција за патишта.
До крајот на годината нема да се наплаќа патарина на новиот автопат долг 47 километри. За десетина дена треба да биде објавен тендер на изградба на двете патарини. Откако ќе бидат изградени, на едната ќе се наплатува 50 денари, а на другата 70.
Целиот текст на овој ЛИНК