На прв поглед веројатно ви изгледа дека немаат врска едно со друго, но навистина се лажете…

Во последно време спроведени се многубројни истражувања во САД, кои доведоа до некои нови сознанија и поврзувања на кои воопшто не би се сетиле.

Утврдено е дека оралните инфекции на некои полово преносливи вируси, како што е ХПВ, кои можете да ги добиете при орален секс, предизвикуваат појава на карцином во усната празнина.

Освен тоа, утврдено е дека со орален секс можете да се заразите и со вирусот ХПВ, бидејќи дури 70% од популацијата има некој вид гингивитис или стоматитис, а ситните ранички во усната празнина може да бидат влез за инфекции.

Со оралниот секс можете да се инфицирате и со други полово преносливи болести, како што се сифилис, гонореја или вирусот херпес симплекс. Во тој случај повеќето луѓе нема да имаат никакви симптоми ниту знаци на болест, но кај некои и ќе се појават.

Затоа отсега памет во глава и кондом во чантата.