6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Колку трае сексот?

    Просечното време на траењето на сексот во целиот свет е 5,4 минути. Тоа време е пресметано од д-р Брендан Зитч, психолог од Универзитетот на Квинсленд, по спроведување на  најнови истражувања.

    aktualnoПокрај тоа, излегува дека кај различни парови средното време варира цели 80 пати! Кај едни сексот во просек трае 33 секунди, кај  други – 44 минути.

    Според Зитч мерењето на општиот просечен показател е доста комплицирано. За тоа има две главни пречки – едните учесниците во анкетата не ја кажуваат вистината за своите достигнувања во креветот, а другите не секогаш знаат колку долго траеше задоволство. Тоа е разбирливо, бидејќи да се детектира време во моментот на страсти, е едно од последните работи кои можат да паднат на ум на човек.

    Најдоброто истражувањата се одвива на следниов начин: учесниците во момент на почеток на сексуалниот акт активираат тајмер кој ќе го мери нивото време се додека не дојдат до ејакулација.

    При истражувањето биле разјаснети доста интересни детали. На пример покажало дека врз должината на половиот акт не влијае ниту присуството на кондом, ниту дали мажот е обрезан.

    Времетраењето на сексот не зависи и од државата, но пак зависи од возраста – колку повеќе зрел е човек, толку сексот е пократок, пишува Daily Mail.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.