Животот воопшто не бил праведен кон мајката на момчето Мартин Сиљанов кој неодамна настрада во пожар позади трговскиот центар „Рамстор“. Ова може да се заклучи од приказната која ја објави Фокус, а која е навистина трогателна.
Судбината уште од мала и носи само трагедии. Останала инвалид кога војнички камион во Скопје ја прегазил кога била дете. Живее во трошна барака која во секој момент може да се распадне, а преживува од социјална помош за куќна нега и од минималната плата на единствениот син кој и остана.
Иако е неподвижна, оваа жена која преживеала многу низ животот, е неподвижна а надлежните досега не и одобриле инвалдиска пензија.
Во моментов живеат во барака во Ченто, а пријателите велат дека немаат ниту вода. Досега надлежните не се одважиле на апелите за помош од блиските на ова семејство па од тука преку овој текст ние ве повикуваме колку сте во можност да помогнете финансиски за да се реновира бараката во која живее оваа напатена мајка и нејзиниот син.
077 749 746 е телефонскиот број на кој можете да се информирате повеќе за начинот на кој можете да помогнете.