6 C
Skopje
петок, декември 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Кои работи се потребни да ги знаете за здрава вагина?

    Можеби мислиш дека знаеш сѐ за интимното здравје, но понекогаш и ситниците може да ја нарушат рамнотежата. Не е лошо од време на време да проверувате дали правите сѐ што треба за вашето интимно здравје, а ние сме тука да ве потсетиме. Најдобро е да се придржувате до овие совети:

    Користи кондоми

    Освен што ве штитат од сексуално преносливи болести и бременост, кондомите и помагаат на вагината да ја држи pH вредноста под контрола. На тој начин, добрите бактерии може да преживеат, што е исклучително важно, ако сакаш да ги избегнеш габичните инфекции.

    Носи памучни гаќи

    Кога се работи за изборот на долна облека, твојата вагина преферира памук. Токму тоа е причината поради која на секој пар гаќи има слој памучен материјал.

    – Памукот е идеален материјал со оглед на тоа дека ја впива влагата и ѝ овозможува на вагината да дише, изјавува гинеколог д-р Мери Џејн Минкин.

    Вежбај

    Кегловите вежби се клучни за зајакнување на долните мускули на вагината. Токму зајакнувањето на овие мускули може да ти помогне да постигнеш посилни оргазми, но и да ја зајакнеш контролата на мочниот меур.

    Јади јогур

    Јогуртот е мошне добар за рН рамнотежата, па вклучувај го во исхраната што е можно почесто. При тоа води сметка за внесувањето на шеќери, бидејќи зголеменото внесување на шеќери придонесува до габични инфекции.

    Немој да се двоумиш дали да користиш лубрикант

    Вагиналната сувост е честа појава и не е знак за паника. Може да се појави поради користење на одредени лекови, по породувањето или пред менопаузата. Важно е само да немаш сексуален однос додека си сува, па или имајте подолга предигра или користи лубрикант.

    Внимателно вози велосипед

    Жените кои често возат велосипед, било во теретана или надвор, ризикуваат од болка, вкочанетост или чешање во делот околу вагината. Едно истражување, покажало дека повеќето од жените се соочиле со овие појави. Можеби е време да носете некои подебели панталони за велосипедисти.

    Не го прескокнувај гинеколошкиот преглед

    Секој гинеколог го дели истото мислење: Барем еднаш годишно мора да се посетува гинеколог и да се направи Papa тест. Токму овој преглед е единствен начин да знаеш во какво интимно здравје се наоѓаш, но и на време да откриеш одредени болести.

    Внимателно со антибиотиците

    Антибиотиците може да ја нарушат рН рамнотежата на вагината. Секако, не треба ова да значи дека треба да не пиете антибиотик, ако имате некоја инфекција , туку треба да преземете превентивни мерки за заштита на вагината. Накратко, „наоружај“ се со јогурт.

    Внимавајте на сексуалните активности

    Никогаш немој од анален секс да преминеш на вагинален, без претходно да се смени кондомот или да се измиете. Не сакаш бактериите од анусот да влезат во твојата вагина.

    Избегнувај да користиш сапун

    Без разлика колку убаво да ни мирисаат, сапуните ја сушат кожата и не треба да ги приближувате близу вашата вагина. Најдобро е да се измиете со чиста, млада вода. Ако не можеш без сапун, избирај ги оние благите и без мириси.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.