6 C
Skopje
недела, април 14, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Кое време од денот е најдобро за вежбање?

    Најновите истражувања на група научници покажале дека вежбањето наверчер му овозможува помалку оптимален тренинг на вашето тело. Последното истражување спроведено од страна на експерти за метаболизам и професори по медицина во САД вклучува проучување на мускулните ткива кај глувците.

    vezbanje_sport

    Мускулните клетки се поефикасни во периодот по станувањето од спиење, во временска рамка од неколку часови.

    Глувчињата, кои инаку се ноќни суштества, биле ставени на специјални тркала за вежбање веднаш по будењето на дневна светлина, а научниците забележале дека нивните мускули биле поефикасни кон приспособување на движењето, користејќи го кислородот како енергија и „горивото“ кое треба да се потроши.

    За разлика од ова лесното вежбање, во текот на ноќта пак, мускулите на глувците ги активирале гените кои им помагаат да се адаптираат на вежбањето.

    Бидејќи луѓето ги имаат истите гени, истражувачите веруваат дека луѓето остваруваат подобри резултати во вежбањето во текот на утринските часови, кога сме биолошки програмирани да бидеме најтрезвени и будни, односно вежбањето се остварува со помал напор, доаѓа поприродно и носи поголеми резултати.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.