6 C
Skopje
четврток, јуни 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Кога тешко се разболела, свршеникот ја откажал свадбата

    Емили Николсон (24) од Велика Британија беше шокирана кога во февруари 2016 година лекарите ѝ рекоа дека има тумор на мозокот – астроцитом (најчест облик на мозочен тумор кај возрасните).

    Една година подоцна, прогнозите беа уште полоши – ѝ рекоа дека има помеѓу 12 и 18 месеци од животот. Долго време плачеше, но одлучи да ги избрише солзите и да продолжи со плановите за свадбата.

    Набргу следуваше уште еден шок и длабоко разочарување. Свршеникот Џејми Смит (24) ја остави една недела пред свадбата, и тоа со порака на „Фејсбук“.

    Несреќната девојка верува дека тоа го сторил затоа што се здебелила, а причината биле стероидите што таа ги зела како дел од лекувањето. Таа вели дека се здебелила пет конфекциски броеви за шест недели, добила 30 килограми.

    „Тој ми напиша дека веќе не сака да биде со мене и дека долго време не ме сака. Беше ужасно. Планот беше да се венчаме во август 2016 година, но моравме да го одложиме до март 2017 година бидејќи отидов на операција. Ние разговаравме за тоа дека може да се замрзнат моите јајце клетки за еден ден да можеме да имаме деца со помош на медицински асистирано оплодување“, рече таа.

    Oh my god

    Gepostet von Joanne Nicholson am Montag, 21. Januar 2019

    Пред страшната болест, Емили беше многу тенка и се занимаваше со моделирање. Свршеникот го запознала во Австралија, каде што се преселила во 2012 година со родителите и братот. Таму работела како менаџер и промотор на клуб. Тој е од Нов Зеланд.

    Дека нешто не е во ред со неа се посомневале по серијата напади, но првично мислеле дека тоа е од многу работа и стрес.

    Тие се вратија во Велика Британија, а сега на страницата GoFundMe.com се обидуваат да соберат пари за пионерска вакцина, имунотерапија што може да ѝ помогне, а чини 30 000 фунти. Емили успеа да живее подолго отколку што предвидуваа лекарите и се надева дека ќе добие уште повеќе време со вакцината.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.