6 C
Skopje
четврток, ноември 13, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Кога во животот ќе помислите „Зошто немам повеќе“, сетете се на оваа приказна

Си била еднаш една сиромашна жена која имала едно дете кое многу го сакала и ѝ било единствената утеха за нивната сиромаштија.

Меѓутоа, била ужасно љубоморна на богатите и често си зборувала на себе, како најмногу би сакала да има злато, пари и богатство за да биде најсреќна.

Една ноќ во сон и се појавил еден богат човек кои и рекол дека дошол за да и ја исполни желбата – ќе ја однесе до просторија преполна со богатства од кои може да земе сè што ќе посака, но не смее да го заборави она кое и е најмило.

Опиена од желбата да земе што е можно повеќе, со часови останала во собата собирајќи се што ќе види и сè што може да понесе со себе.

Кога веќе не можела ништо да понесе, побарала да ја пуштат. Човекот и рекол да се сврти и уште еднаш да погледне дали земала сè, случајно да не заборавила нешто, тоа што и е најмило.

Гледајќи во богатството кое го понела со себе, рекла дека сè што посакувала, земала со себе.

Среќна, излегла од просторијата, а големата врата се затворила.

Кога пристигнала дома сфатила дека го заборавила своето дете.

Во тој момент, очајно плачејќи по своето дете се разбудила од сонот и го здогледала своето најмило до неа.

Силно го прегрнала и очите ѝ се исполниле со солзи радосници.

Кога во животот ќе помислите: „Зошто немам повеќе…“, сетете се на оваа приказна.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.