На големите мајстори не им е потребно многу време да се „адаптираат“ на ситуацијата на теренот. особено не на голмани од прфилот на Арпад Штербик,.

Едноставно чуварот на мрежата на Вардар, во рок од 24 часа, дојде во Загреб, виде со кого има работа. Она што го доби како задача од шпанскиот селектор, големиот голман го одработи скоро беспрекорно…

Со три одбранети седмерци, практично ги откажа „триколорите“ од надежта дека може да се вратат назад во овој полуфинален дуел.

Извор: Sportmedia.mk