По шпекулациите дека една од најпознатите двојки, американскиот актер Џорџ Клуни (57) и неговата сопруга, правничката Амал Аламудин (40), се разведуваат по четиригодишен брак, тој одлучи да ги коментира истите. Како што објави „Сан”, Клуни им рекол на медиумите дека трачот за разводот е „чиста измислица” и дека нивниот брак не е во криза.
Инсинуациите за разводот на славната двојка започнаа пред неколку дена. Извор близок до нив рече дека Клуни и Амал имале жестока расправија по што таа се спакувала и си заминала заедно со едногодишните близнаци Александар и Ела.
Доколку шпекулациите за разводот се покажат вистинити, нивниот развод ќе „тежи” околу 400 милиони фунти. Освен тоа, ова не е првпат да се шпекулира дека Клуни и Амал се пред развод. Во средината на 2016 година извор близок до семејството, како што велат американските медиуми, рече дека Амал не била задоволна во бракот и размислувала за развод. Сепак, ова не се покажа како точно и набрзо потоа тие добија близнаци.