6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Кливленд го сака Џими Батлер

По убедливиот пораз од Голден стејт, во финалната серија во НБА лигата раководството на Кливленд ја разгледува опцијата да донесе уште една ѕвезда во своите редови. Како што пренесува ЕСПН, Кливленд подготвува размена со која во тимот би пристигнал Џими Батлер од Чикаго.

Кливленд не успеа да ја одбрани титулата во НБА лигата, во финалната серија со убедливи 4-1 Кавалирс беа поразени од Голден Стејт. Првиот кој го плати цехот, поради лошото издание во финалето, е генералниот менаџер Дејвид Грифин, кој доби отказ, а како негова замена се споменува поранешниот МВП на финалната серија, Чонси Билапс.

Во Кливленд планираат промени и во ростерот на екипата, а како што објави ЕСПН, прва цел е крилниот играч на Чикаго Џими Батлер, кој ја одигра најдобрата сезона во кариерата (23,9 поени, 6,2 скока и 5,5 асистенции), но Чикаго не успеа да ја мине првата рунда во плејофот.

Поради тоа во Чикаго планираат целосна реконструкција на тимот, па не е исклучено да се согласат на размената која ќе ја предложи Кливленд.

Кливленд планира во трејдот да биде вклучен и крилниот центар Кевин Лав, но во тој случај за да биде реализирана размената ќе им биде потребен уште еден тим. Во целтата приказна може да се вклучат Феникс Санси, кои на драфтот ќе бираат како четврти. Се претпоставува дека Феникс би можел да го вклучи во трејдот еден од најдобрите плејмејкери во лигата, Ерик Бледсо.

Покрај за Батлер, Кливленд покажува голем интерес и за крилото на Индијана, Пол Џорџ, кој најави дека ќе го напушти тимот. Џорџ сезонава оствари просек од 23,7 поени, 6,6 скока и 3,3 асистенции по натпревар.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.