6 C
Skopje
петок, мај 23, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Кливленд го декласира Торонто

Кошаркарите на Кливленд ја продолжија победничката низа во плејофот, откако во првиот финален меч во Источната конференција го декласираа Торонто со 115:84. Кливленд во досегашниот тек од плејофот нема пораз, откако претходните две серии против Детроит и Атланта ги доби со максимални 4-0.

lebron-klivlend

Кливленд, прашањето на победникот, во првиот меч го решија до полувремето кога стекна предност од 23 поени. Кавалирс во првиот дел од играат од поле погодија 67 отсто од обидите кон кошот на противникот.

Леброн Џејмс го погоди првите десет шутеви, а мечот го заврши со 24 поени, шест скока и четири асистенции, додека најефикасен беше Кајри Ирвинг со 27 поени.

Кај Торонто најепрецизен Демар Дерозан со 18 поени, а потфрли Кајл Лаури кој постигна само осум поени (4/14 од игра).

Вториот меч ќе се игра в четврток, а домаќин повотрно ќе биде Кливленд.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.