Од полицијата велат дека вчера околу 19 часот во Кичево на улицата 11 Октомври било пријавено дека во својот дом бил пронајден починат И.П. (42).

Оттаму додаваат дека од страна на лекар од итната медицинска помош констатирана била смрт, а на телото биле забележани видливи повреди во вид на модринки и црвенило во пределот на подбрадокот и вратот.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на јавен обвинител и екипа од ПС Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.