Кинески весник неодамна на своите страници објави совети за жителите на Џилин, провинција на границата со Северна Кореја, за тоа што да направат во случај на нуклеарен напад.

Весникот притоа ги информира граѓаните за ефектите од нуклеарното оружје и за тоа како да се заштититат.

Во статијата детаљно се опишува колку е опасно нуклеарното оружје и што може да се случи по експлозијата. Меѓу другото, се предупредува дека раната фаза на радијација и радиоактивна контаминација може да доведе до сериозни катастрофи и жртви.

Се советуваат граѓаните, оние што во таков случај би се нашле во некаков објект, но и оние што би биле на отворено, да најдат засолниште кога ќе забележат силна светлина. Луѓето што се на отворено треба да легнат на земја или да скокнат во вода доколку е тоа можно. Оние што се внатре треба да се скријат во ќош од просторијата, под маса или под кревет, а веднаш штом мине првиот бран, треба да се затворат сите врати и прозорци со цел да се спречи во објектот да навлезе радиоактивна пршина.

Граѓаните на териториите што се најблиску до локациите каде што Северна Кореја ги тестира своите ракети треба да пијат напивки што содржат јод, советува весникот.

Во статијата има и цртежи што покажуваат како да се чистат облеката, обувките и сл.