Минатата недела се појавија извештаи за претстојниот телефон од кинеската компанија „Хуавеј“, кој треба да има 6,9-инчен ОЛЕД-дисплеј. Уредот ќе има рамен екран, а не т.н. edge-to-edge каков што има на актуелната Mate 10 серија.
Прашањето што многумина го поставуваат е дали ова ќе биде само нов огромен телефон или „Хуавеј“ успеала да најде начин значително да ги намали рамките околу екранот? Сега се појавија фотографии од патент, кои може да објаснат некои од деталите. Имено, на компанијата ѝ е одобрен патент со име уред за мобилни комуникации. Патентот претставува паметен телефон со правоаголно куќиште и без рамки отстрана.
Huawei Mate 10 to feature “full-screen display”, Huawei’s CEO Confirms#Huawei #Android… https://t.co/SVMl9gpu6l pic.twitter.com/7UDvaN7Cwz
— Giz China (@Gizchina) July 28, 2017
Инаку, производството на телефони со многу тенки рамки не е можно доколку се користи постојната технологија. Поради оваа причина, инженерите на „Хуавеј“ најдоа алтернатива.
Невообичаена рамка се користи за левата и десната страна на уредот, при што метални ленти се залепени за куќиштето со помош на двострана леплива лента. Ова е направено на исклучително професионален начин кој овозможува уредот да биде водоотпорен и отпорен на прав.
Екранот на допир има вградена структура на врвот и на дното. Како резултат на тоа екранот е прикачен во внатрешноста на куќиштето и затоа на страните не постои непотребен притисок. Рамката останува прилично тесна и на врвот и на дното на уредот, пренесува „Банчмарк“.
Дали ова може да биде новиот 6,9-инчен телефон „хуавеј“ за кои неодамна проструија информации останува да се види.