Кинески научници за прв пат по 300 обиди, успеаa да клонираат мајмуни, користејќи ја истата техника со која пред две децении беше клонирана овцата Доли. Со ова отстранета е бариерата и се отвора вратата за копирање на луѓето, објави НБСњуз.ком
Мајмуните Џунг Џунг и Хуа Хуа, идентични и со долга опашка – Макаки, родени пред осум недели, се првите примати, од редот на цицачи, кои вклучуваат мајмуни и луѓе, кои се клонирани од не ембрионски клетки.
Тоа е постигнато преку процес наречен соматско клеточен нуклеарен трансфер (SCNT), што подразбира пренесување на јадрото на клетката, која ја вклучува неговата ДНК, во јајце кое го отстранува неговото јадро.
Истражувачите на Институтот за невронски мрежи во Шангај, при академијата на науките во Кина, велат дека нивната работа треба да биде благодет за медицинските истражувања, со тоа што ќе биде можно да се проучат болести во популациите на генетски униформирани мајмуни.