Министерот истакна дека во целиот изминат период ги следи препораките, особено поради фактот што спаѓа во високо ризична група со цел да не биде дел од ланецот преносители на коронавирусот.
Во однос на пациентите во Македонија, статистиката вели дека од 18 пациенти, 10 се луѓе од 55 годишна возраст.
– Младите се пренесувачи. Најкритична група се повозрасните, особено оние со хронични болести, смртноста е најголема кај нив. Тоа го покажаа Кина и Италија. Но, никој не е поштеден, сега имаме заразено момче и на возраст од 15 години. Во таа смисла ги обезбедивме капацитетите, посебно за деца и возрасни. Околу 30 отсто од вкупниот број на заболени што се на поголема возраст се на машина за дишење, но добар дел од ширењето е од младите луѓе, изјави Филипче.
Македонија со се приватно и јавно здравство располага со околу 200 респираторни машини во тек на недела дена ке пристигнат уште 100тина и плус Кина ќе донира 200 значи се на се Македонија ќе располага со 500 респираторни машини, истакна министерот за здравство Венко Филипче во емисијата Утрински брифинг.