Кејт Мос го прослави својот 45-ти роденден пред два дена, а помина една година откако таа го исфрли алкохолот од својот живот. Некогаш најпознатата моделка во светот беше позната по својот раскалашен животен стил, а пороците и создаваа огромни проблеми во работата и животот.
Фотографиите на пијаната и дрогирана Кејт пред неколку години беа секојдневие во медиумите, но поранешната моделка одлучи целосно да го промени начинот на живеење. Денес таа живее здраво, не пие и не се дрогира, а промената е очигледна во нејзиниот изглед.
Нејзините најнови фотографии покажуваат дека изгледа свежо и одморно и дека таа една година без алкохол ѝ го врати сјајот на лицето.