На локалниот пат од Куманово кон село Речица во попладневните часови на 13. јануари, полицајци извршиле контрола на автомобил „бе-ем-ве“.
Како што информираат од МВР, возилото било во сопственост на 61-годишен скопјанец, но возач бил 23-годишник од Куманово, додека пак сопатник му бил 25-годишен сограѓанин. Во возилото била пронајдена и одземена кеса со марихуана, по што лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.