6 C
Skopje
среда, ноември 5, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Кашлала со години, мислеле дека е алергија, но всушност тоа било најстрашната болест

Џесика ДеКристафаро (28) од Мајами, чија кариера кренала во нагорна линија, преку ноќ и се променил животот.

Иако со години интутивно знаела дека нешто сериозно се случува со нејзиното здравје, лекарите упорно и велеле дека нејзината интензивна кашлица е поради алергија.

Откако лековите за алергија не и помогнале, докторите и рекле дека веројатно е чир на желудникот. Тие и препорачале да ја промени исхраната што тоа и помогнале едно време. Потоа кашлицата повторно и се вратила.

Почнала да има болки во стомакот, а таа болка станувала се посилна. И се појавил чвор на лимфните жлезди под пазувите. Кога еден ден болката во стомакот станала неподнослива, отишла под итно на доктор. Таму и направиле сите можни испитувања и снимки и откриле дека има Хочкин лимфом.

МОрав да патувам поради работата и мислев дека во амбулантата ќе добијам само таблети и ќе си заминам, но остав цела ноќ на тестирање, раскажала Џесика.

Ја префрлиле во специјализирана болница каде и направиле додатни тестирања, а тогаш и наговестиле дека би можело да станува збор за нешто сериозно.

– Мојата мајка е медицинска сестра и откако ги виде наодите од биопсијата на мојот лимфен чвор, знаеше дека имам лимфом, вели девојката.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.