Се будите, се тетеравите до кујната, го спуштате ѓезвето на шпоретот и дури после тоа денот може да почне? Еве што велат за тоа стручњаците.
Мислењето на експертите е јасно – кафето на празен желудник никако не може да биде добра идеја. А постојат и три јасни причини за ваквиот став:
1. Се зголемува количеството на желудечна киселина
Зголеменото количество на желудечна киселина предизвикува надуеност и проблеми со варењето коишто ќе ги чувствувате во текот на целиот ден. Високото ниво на киселост со текот на времето може да доведат до сериозни проблеми во подрачјето на абдоменот, како на пример чир на желудникот, синдром на иритабилни црева и рефлукс. А поевтиното кафе (она со помал квалитет) вообичаено има поголема киселост што може дополнително да ја зголеми штетноста.
2. Повисоко ниво на стрес и тешкотии
Со пиење на поголемо количество на кафе може да почувствувате тешкотии и стрес, а кога кафето го пиете на празен желудник тој проблем уште повеќе се влошува. Од друга страна пак, храната и варењето може да делуваат смирувачки на вашиот организам. Како би го намалиле негативното влијание на кафето врз нервниот систем, со кафето секогаш практикувајте да внесувате и мал оброк.
3. Се намалува нивото на хормоните
Главна причина поради која кафето го зголемува нивото на стрес и тешкотии е хормонската нерамнотежа за којашто главен виновник е токму – кофеинот. Утринското кафе на празен желудник може да го поремети производството на серотонин, невротрансмитер одговорен за чувството на уживање, среќа и благосостојба. А истражувањата покажаа дека, ако престанеме да пиеме кафе на празен желудник, ќе бидеме подобро расположени и генерално подобро и ќе се чувствуваме.