Катар донира 68 оклопни возила на Сомалија во четвртокот, изјави Министерството за одбрана на Катар, што претставува знак дека Доха се бори за влијание во оваа земја со својот ривал Обединетите Арапски Емирати.
Сомалија, која се наоѓа на клучна локација во Африка, одби да заземе страна во конфликтот помеѓу Катар и Саудиска Арабија.
Но, односите со ОАЕ станаа прилично затегнати пради инвестициите во регионот Сомалиленд. Во април Сомалија се откажа од програма од ОАЕ наменета за тренирање на дел од војската.
Министерството за одбрана на Катар изјави дека оклопните возила, кои пристигнале во четвртокот во Могадишу, ќе ја зацврстат Сомалија, која се соочува со исламистички бунтовници.