6 C
Skopje
сабота, мај 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Касиљас и Шакира – новата ѕвездена двојка?

    Легендарниот голман ги прокоментира информациите кои се појавија.

    Дали Касилјас и Шакира се новиот ѕвезден пар? Вака се прашуваа навивачите, додека легендарниот голман не излезе со коментар за информацијата која се појави. Касиљас за моментот го демантира тоа на социјалните мрежи.

    „Tocate las narices“, напиша тој на Инстаграм, што значи „Допри го носот“. Шпекулациите предизвикаа и лута реакција кај одличниот шпански голман. „О, Боже“, коментира тој под собраните слики од екранот на написи во различни публикации.

    Касиљас неодамна е слободен откако се разведе од својата долгогодишна партнерка, спортската новинарка Сара Карбонеро. Оттогаш, легендата на Реал Мадрид се поврзува со убавици како Росио Осорно, Алехандра Ониева, Марија Хозе Камачо и Мелиса Пинто.

    Колумбиската пејачка Шакира, добитничка на Греми, раскина со дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике по 12-годишна врска. Гласините се дека причината било неверството на 10 години помладиот Пике, по што бил исфрлен од нивната семејна куќа.

    Пике и Касиљас беа непријатели на клупско ниво во голем дел од нивните кариери. Сепак, ѕвездите на „Барселона“ и „Реал“ Мадрид заедно постигнаа забележителен успех во репрезентацијата на Шпанија, со која двапати станаа европски шампиони – во 2008 и 2012 година, а во 2010 година ја освоија светската титула.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.