Македонскиот вицешампион Карпош Соколи се раздели со тренерот Борче Даскаловски ден по поразот на домашен терен од страна на Фени индустри.

„Оставката ја поднесов од етички причини кога клубот се најде во тешка и независна ситуација. Јас сум професионалец и проценив дека во моментот не можам повеќе да му помогнам на тимот. Му посакувам сѐ најдобро на Карпош Соколи со желба бргу да се консолидира и да се врати онаму каде што му е местото во македонската кошарка. Воедно, му изразувам огромна благодарност на претседателот Огнен Дедиќ за шансата што ми ја укажа“, изјави Даскаловски.

Соколи веќе утре игра меч од Еврокупот против унгарскиот Фалко Вулкано, а на клупата ќе биде досегашниот помошник на Даскаловски, Ангел Тасевски.