Најдобриот македонски ракометен состав, Вардар ќе има сосема поинаков лик во следната натпреварувачка кампања со тоа што веќе се официјализирани заминувањата на дел од играчите, си оди и тренерот Раул Гонзалес што значи „црвено-црните“ ќе отворат сосема ново поглавје.

Од истото и понатаму ќе биде одличниот хрватски бек, Игор Карачиќ кој е еден од играчите со најголем стаж во клубот со оглед на тоа што во Скопје е од 2012 година. Ова го најави самиот Игор кој посочи дека очекува Вардар добро да се засили.

– Имам договор и за следната сезона и сигурно останувам до тогаш, потоа се е магла. Ќе видиме што ќе биде. По оваа сезона ќе имаме доста промени во играчкиот кадар. Многумина ќе си заминат, но очекувам и засилувања, -истакна Игор кој го искоментира овој Вардар.

– Ова е зрел тим и машинерија, што е резултат на напорите кои траеја четири години. Постигнавме огромен успех за македонскиот спорт, колку се цени тоа во земјата се гледа по тоа што државата ги одликува Македонците од екипата. Нема да се правам важен и да зборувам за одбрана на титулата во ЛШ, императивот е да се пласираме на завршниот фајналфор. Сепак, се надевам дека нема да застанеме на тоа. Не очекува пауза во ЛШ до февруари и ќе се обидеме што подобро да се подготвиме за следните предизвици. Ќе одиме чекор по чекор, како што го правевме тоа и минатата сезона, -порача Игор за „Независне“.

Извор: Derbi.mk