Фејсбук статус на Тања Каракамишева:
“За разлика од мојот став дека не го признавам Таљат за претседател на Собранието од самиот почеток до денес поради добро познати причини, партиите немаат таков став. За сите партии кои си легнаа на брашното Таљат е претседател на Собранието.
Ако вистински се залагате за владеење на правото и ако истото е клучот за нормалното функционирање на фржавата тогаш како можете да легализирате политичко насилство и неуставност од најсуров вид? Дали заборавивте дека Таљат е избран со прекршување на 6 члена од Уставот, над 30 члена од Деловникот на Собранието и исто толку члена од Законот за Собранието?
Кому му продавате пуфки за владеење на правото? Прашањето се однесува на СИТЕ ПАРТИИ! МАРШ ТАМУ ПРОФИТЕРИ!”
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ запрашан за професорката Каракамишева во 1ТВ рече дека таа е врвен професионалец и правник кој исклучиво ја почитува.