Не многу одамна, пред само неколку месеци, на лидерските средби во клубот на пратениците, речиси постојан придружник на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, му беше професорката од правниот факултет, Тања Каракамишева.
Но од тогаш наваму, некако како да се заладија односите на ВМРО-ДПМНЕ и Каракамишева. Па така, денес таа инсинуира дека опозицијата наводно се согласиле да биде конструктивна и д излезе на избори. Професорката веројатно заборава дека основата на постоењето на партиите е нивното учество на избори.
Ваквите нејзини отворени напади кон опозицијата се заострија по промовирањето во јавноста на професорката Гордана Силјановска како можен кандидат за Претседател од ВМРО-ДПМНЕ.