6 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Како да препознаете труење од храна?

    Најчести симптоми на труење со храна се мачнина, повраќање, дијареа, болки и грчеви во стомакот. Сепак, во зависност од тоа од која бактерија се заразени, тие можат да варираат. Научете да ги препознаете најчестите причинители за тровање:

    Ботулизам
    Отежнат говор, голтање и дишење
    Замаглен вид
    Мачнина
    Сува уста
    Замор
    Парализа

    Ботулизам може да се добие од мед, зеленчук, конзервирана храна, месо, риба, овошје и меко сирење.
    Периодот на инкубација е од 12 до 36 часа.

    Клстридиум перфрингенс
    Овој тип на труење со храна се добива од недоволно термички обработено месо. Предизвикува дијареа и грчеви во стомакот кои траат и до 12 часа, со период на инкубација кој трае од 8 до 22 часа.

    Кампилобактерија
    Тие кои конзумираат сурово месо и живина, контаминирана вода или непастеризирано млеко, можат да бидат заразени со кампилобактерија, која предизвикува дијареа, грозница и болки во стомакот, со период на инкубација кој трае од 2 до 7 дена. Симптомите траат околу пет дена.

    Колера
    Колерата најчесто се шири со пиење на вода, но и со јадење на морски плодови кои се контаминирани и со телесни излачувања на лица заразени со бактеријата Vibrio choleare.

    Симптомите се:
    Обилна течна дијареа, мачнина и повраќање, дехидрација, грозница и грчеви во стомакот.
    Периодот на инкубација е главно од 12 до 24 часа.

    Криптоспоридиоза
    Се добива од недоволно зготвена храна, овошје и зеленчук и периодот на инкубација трање од 2 до 10 дена.

    Симптомите се:
    Обилна, водена дијареа, грчеви во стомакот, мачнина, повраќање, грозница и губење на килограми.

    Хепатитис А
    Хепатитис А е болест од нечисти раце, која го предизвикува вирусот, а симптомите вклучуваат:
    Болки во стомакот, грозница, замор, жолтица. Периодот на лечење трае од 15 до 20 дена.

    Листериоза
    Лица кои јадат заразено меко сирење, непастеризирано млеко, можат да се заразат со опасна бактерија листерија.

    Симптомите се слични на грип – грозница и болка во целото тело. Симптомите и периодот на инкубацијата траат од 2 дена до 3 месеци.

    Салмонелоза
    Ако јадете сурово или недоволно термички обработено месо, недоволно сварени јајца или мајонез од живи јајца, можете да добиете салмонелоза.

    Симптомите се болки во стомакот, мачнина, дијареа, грозница, повраќање и главоболка. Периодот на инкубација трае од 8 часа до 7 дена.

    Шигелоза
    Оваа инфекција се пренесува од лице до лице преку контаминирана храна, пијалоци и предмети. Основни симптоми се дијареа, која содржи слуз и крв, мачнина, повраќање, грозница и грчеви во стомакот. Периодот на инкубацијата трае од 1 до 7 дена, а симптомите од 4 до 7 дена.

    Најдобра шанса да ја избегнете е добро да ги миете рацете при подготовка на намирниците, да не пуштате домашни миленици, муви и штеточини блиску до намирниците, избегнувајте специјалитети со суво месо, чувајте ги намирниците во фрижидер и добро мијте ги свежите производи.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.