Од сите лековите растенија, во скоро сите континенти и речиси сите земји, луѓето го издвојуваат лукот како најдобар природен лек.
Тој е најдобро да се користи свеж, тогаш има и најмногу лековити својства, но поради непријатниот мирис кој го остава по консумацијата, поголемиот број луѓе избегнуваат да го конзумираат свеж.
Сепак постои начин како да консумирате свеж лук, без непријатниот мирис.
Потребно е да најдете домашен, ситен лук, а не увезен, крупен и со сомнителен квалитет. Потоа одвојте ги чешнињата од главицата и 2-3 ситни чешниња ставете ги во млака вода да одстојат десетина минути. Потоа извадете ги од водата и нежно со прстите излупете ја лушпата од чешнињата при тоа внимавајќи да не го оштетите чешнето лук. Не користите нож за да не го оштетите лукот. Тие мора да останат цели и неоштетени што е основно за да не мириса по употребата.
Откако ќе ги излупите, земете чаша вода и испијте ги како да пиете таблета. Најдобри резултати има ако ова го направите на празен стомак, 45 минути пред јадење. И тоа е се. Вака консумиран лукот нема да ви предизвика никаква непријатна миризба, ќе се раствори во организмот и ќе ви ги донесе сите хранливи и лековити својства.
Миризба нема да има, ни тој, ни наредниот ден. Испробано, ако не верувате пробајте а потоа прашајте ги домашните дали се чувствува непријатен здив после тоа. Важно е само при употребата да внимавате чешнето лук да не го засечете или оштетите при лупењето.
Лукот е одлична превентива за сите видови рак, а делува позитивно на видот, слухот, крвниот притисок, меморијата, на срцето, бубрезите, цревниот систем, помага при нервоза, раздразнетост. и воопшто нема орган во телото на кој овој растителен плод нема позитивно влијание.
Доволно е да користите по 1-2 чешниња дневно, а времетраењето одредете го сами. Брзо ќе почувствувате подобрување на вашето здравје.