Авиокомпанијата „Таи ервејс“ побара од еден патник дополнитени парични средства поради предолго презиме, соопштија медиумите.
Службеничка на неименуван патник му пресметала дополнителна парична сума, кога било востановено дека името напишано на авионскиот билет не е идентично со она што стои во пасошот.
Патникот објаснил дека за тоа постои добра причина, односно дека неговото презиме е премногу долго и било невозможно да биде внесено во интернет-образецот на авиокомоанијата целото презиме, поради ограничување на просторот за впишување на имињата на патниците.
Компанијата соопшти дека ќе презеде соодветни мерки за такво нешто никогаш повеќе да не се повтори.
„Се извинуваме поради непријатноста. Образецот што го пополнуваат патниците кога купуваат или резервираат авиобилети нуди простор за 25 букви најмногу, напиша потпретседателката на компанијата, Виват Пијавирој, на нејзината официјална фејсбук-страница.