Тепихот со сонцето од Вергина е отстранет од директорскиот кабинет на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и сместен во депот, велат од таму за „Фокус“.
Отстранувањето следело откако Грција испратила протестна нота до Владата со барање да се ограничи употребата на овој симбол.
Владата ова барање го препратила до претпријатието по што управата на претпријатието донела одлука тој дел од тепихот да се смести во депо, заедно со неколку слики на кои беше насликано сонцето од Вергина.
Јавното претпријатие со ова ја заврши својата обврска во делот од примената на Договорот од Преспа.
Повеќе за ова на Фокус.мк