6 C
Skopje
сабота, октомври 5, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    И тоа се немаше случено: Сите институции се прогласија за ненадлежни за дивоградбите на Матка

    Сите институции се прогласија за ненадлежни за дивоградбите на Матка. Случајот оставен во рацете на Општина Сарај – од каде одбиваат да одговорат кога ќе постапат по барањата за легализација што ги поднел тајниот инвеститор, пренесува Телевизија 24.

    Градоначалникот Блерим Беџети – со денови одбива да одговори кој бара да се легализираат дивоградбите на кањонот Матка и дали се точни тврдењата на дел од медиумите дека зад случајот стои внук на поглаварот на ИВЗ?

    Доброупатени извори тврдат дека сега откако се поднесени барања за легализација – тајниот инвеститор ќе се обиде да ги искористи „дупките“ во законите бидејќи сите постапки против дивоградбата се стопираат се додека Општина Сарај не донесе одлука дали ќе ги легализира или ќе ги руши, а таа постапка општината може да ја влече со години, период кој му се остава на располагање на тајниот инвеститор да прави што сака на парцелата.

    Градоначалникот Блерим Беџети – не само што одбива да каже кога ќе постапи по барањата за легализација, туку одбива да одговори и кој е подносител на истите.

    Дополнително – нејасно е како би дошло до евентуално легализирање на дивоградбите, кога законот предвидува дека тоа е можно само ако објектот е изграден пред март 2011 година, а лажни податоци се кривично дело, дополнително, законот не предвидува легализирање на објекти кои се урбана опрема, а уште поспорно е тоа што станува збор за градби во заштитено подрачје, а сите институции сега остануваат со кренати раменици.

    Извор: 24.мк

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.