Од енергетската компанија МЕПСО за „Макфакс“ ги потврдија информациите во јавноста дека и синот на експремиерот Владо Бучковски е вработен во оваа државна компанија.
Од МЕПСО информираа дека Дамјан Бучковски е ангажиран со договор на определено време. „Лицето Дамјан Бучковски не е вработено во МЕПСО. Бучковски има договор за определно време и е ангажиран преку Агенција за посредување на периодот од 5.9.2018 година до 31.12.2018 година“, одговорија од МЕПСО.
Ќерката на ексградоначалникот на ДУИ од Гостивар, Невзат Бејта, исто така е вработена во МЕПСО. Ќерката на Талат Џафери, претседателот на Собранието, пак е ангажирана во ЕЛЕМ.