6 C
Skopje
недела, септември 24, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    И Силјановска Давкова се огласи за ситуацијата со актерката Билјана

    Кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Професорката Гордана Силјановска Давкова, преку официјалниот ФБ профил изрази сочувство за препраната смрт на актерката Билјана Беличанец.

    „Секоја загуба боли. Веста за секоја смрт погодува. Но, најголем вознемир предизвикуваат вестите за нечија прерана смрт. Посебно кога смртта не била судбина…

    Длабоко ме потресе веста за заминувањето на личност како Билјана Беличанец-Алексиќ, чиј лик и глас допирал во секој наш дом, кој ни станал близок и кој ќе ни остане врежан во сеќавањата. Таа имаше уште толку многу да ни даде нам и на театарската уметност.

    Но, ќе остане запомнета, меѓу другото, и како една од ретките жени градоначалнички во Република Македонија. Нека почива во мир.“ напиша на својот Фејсбук профил кандидатот за претседател Гордана Силнановска Давкова по веста за смртта на актерката Билјана Беличанец.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.