Игор Стефановски Иџе, на утрешната трка, последна во сезоната во Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ), ќе стартува од петтата позиција. Најбрзиот круг на Иџе изнесуваше 1:42.436 минути.
Пред Македонецот трката на патеката Мост ќе ја започнат Унгарецот Норберт Наѓ кој ја освои пол позиција, односно Австриецот Кристјоханес Шрајбер, лидерот во вкупниот пласман Чехот Петр Фулин и Бугаринот Пламен Кралев.
Во пресрет на двете трки во Мост лидер во генералниот пласман е Фулин со 64 бодови, Наѓ е втор со 59, колку шти има и третопласираниот Наѓ, додека Иџе е на четвртото место со 55 бодови.
Првата трка утре се вози од 10:50 часот, а втората е на програмата во 12:30 часот.