Оваа девојка навистина се заљубила и мислела дека е во среќна врска, но сосема случајно ја фатила својата мајка во кревет со нејзиниот дечко.
Побарала совет од колумнистката Дидр, а еве што таа и одговорила.
Драга Дидри,
Ја фатив мојата мајка и мојот дечко во кревет. Бев во преголем шок и не можев ништо да им кажам. Мислев дека јас и мојот дечко добро се поврзавме. Во врска сме 6 месеци. Јас имам 23 години, а тој 27. Брзо се заљубив во него и бев среќна.
Пред 4 месеци, забележав дека мојата мајка се промени. Почна редовно да тренира и изгуби многу килограми. Започна да носи пократко здолниште и маица. Ја смени фризурата и се шминкаше повеќе.
Мојот татко неодамна го прослави својот 50-ти роденден. Мојата мајка има 45 и изгледаше одлично таа вечер. Дојде мојот дечко и супер си поминавме.
Мојо татко испи премногу, па јас и мојата мајка го сместивме во гостинската соба.
Испивме уште неколку пијалоци и потоа заминавме во кревет. Се разбудив во текот на ноќта и видов дека мојот дечко не е во креветот. Мислев дека заминал да земе чаша вода, но го најдов во собата на мојата мајка. Немав што да кажам и се вратив во својот кревет.
Го оставил својот мобиле на крајот на креветот, па јас таму открив пораки помеѓу него и мојата мајка.
И кажав се на својата постара сестра и ми рече дека забележала дека тие двајца флертуваат, но не мислела дека тие ќе го направат ова.
Дидри на ова одговорила:
Можеби твојот татко не треба да дознае за тоа, особено ако твојата мајка престане сега да го лаже.
Кажи и на својата мајка дека знаеш што се случува и дека се ќе му кажеш на твојот татко ако не престане таа со ова.
Таа може да го изгуби бракот, како и да го уништи својот однос со тебе и да го уништи целото семејство.
Се надевам дека навистина ќе се потруди и ќе каже дека и е жал и ќе се обиде да го поправи својот однос. Можеш да имаш само една мајка, но те молам остави го овој дечко.