6 C
Skopje
недела, декември 7, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ИСПОВЕД на Љубинка: Свекорот ме предупреди, но животот ми стана пекол откако свекрвата го направи ова

Со Марко бевме во врска 10 години. Одсекогаш мајка му Невенка била против нашата врска, но никогаш не очекував што ќе ме снајде кога ќе стапам во брак со него!

„Кога се венчавме, првото утро свекор ми ми рече: „Дете мое, Бог нека ти помогне“. Ми беше чудно, мислев дека не е нешто во ред со него, но само по една година во брак со Марко се сетив на неговите зборови и сега знам дека неговите зборови биле само добронамерни

Мојата свекрва, Невенка беше толку многу злобна, што само тој најдобро знаел каква е таа затоа што со неа го поминал речиси целиот свој живот. Поради неа, таа година во брак ми беше пекол. Таа секојдневно го наведуваше нејзиниот син, миленик, мојот сопруг Марко на разни глупости кои ми ги правеше мене, дури двапати ме претепа.

После некое време дознав дека таа му правела магии на сопствениот син за да тој почне да ме мрази и за да се оддалечи од мене и на крај за да ме остави за друга жена. Така и беше. Марко оддеднаш се појави дома со една девојка која беше 10 години помлада од него, а само пет години помлада од мене.

Си отидов, го оставив. Марко никогаш повеќе не ми се ни јави. Можеби некогаш ќе дознае дека неговата сакана мајка му прави магии да го задржи само за себе. Дека е злобна и себична.

Марко душо, сакам да ти посакам среќа во животот. Со таква мајка никогаш нема да бидеш среќен.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.