Му била љубовница, втора жена, наречете го тоа како што сакате. Не е ниту важно. Важно е тоа што го научила и што сака да го подели со вас.
Докторката Фабиен Слам ја отвори душата за еден сајт и зборуваше дека е љубовница на венчан човек.
„Постојат многу жени кои живеат во сенка на оженети мажи. Јас бев една од нив, но за разлика од другите решив да молчам.“
Ова е нејзината „лекција“:
Одев против своите убедувања
Тоа се случи пред 4 години. Го запознав тој човек на работен состанок. Беше привлечен, а јас се разочарав кога забележав бурма на неговиот прст. Јас сум разведена, а тој во бракот е исто така осамен, затоа што жена му е често отсустна, а децата го напуштиле домот. Сега знам дека тоа беа само изговори.
Тој ме повика на кафе, јас се согласив, една работа водеше кон друга.. станавме љубовници.
Да се биде љубовница не е гламурозно
Во брак бев 20 години и бев верна за тоа време, за разлика од мојот маж кој ме измами и повреди. Никогаш не се замислував во оваа улога. Меѓутоа…
Се гледавме тајно, тој доаѓање кај мене, а на крајот на денот секогаш се враќаше во својот дом. Тоа траеше 6 месеци и за тоа време, се чувствував виновно и ми беше срам.
Се повредував себеси
Им реков на некои луѓе, кои ги сметав за блиски, дека сум во врска со венчан човек. Бев спремна да се соочам со нивните осуди. Му кажав и на својот син, а тој искористи погрдни зборови.
И сега ме боли кога ќе се сетам на тоа
Некои пријателки престанаа да се гледаат со мене, најверојатно се плашеа дека и на нив ќе им го украдам мажот. Не знаев како да им објаснам дека јас бев заљубена во тој човек, а не во фактот дека тој е оженет.
Бев многу осамена
Кога се разведов, си ветив на себеси дека нема да направам ништо поради кое ќе се срамам. Но додека бев во улога на љубовница, се мразев себеси и се срамев од тоа што го правам.
Несигурноста боли повеќе од срцев удар
Имаше моменти на чиста среќа, но само кога бевме заедно. Но ми пречеше што никогаш не знаев кога ќе се видиме и кога ќе може тој да дојде да биде со мене.
Се чувствував како да сум зависник од дрога, алкохол или шеќер , ми беше тешко да се тргнам од него.
Но успеав, а ве советувам и вас:
Немој никогаш и на никого да му бидете љубовница.