Секој ден емигрираат мажи, жени и деца… Светот се менува со масовната емиграција. Која е причината и не е толку важно… Велиме има војни, глад, сиромаштија, но не ги почитуваме рацете кои се обидуваат да не нахранат – рацете на работниците, на земјоделците. Јас велам НЕ, не сакам да заминам, не сакам затоа што…
Ќе ме уништи носталгијата за старата добра кујна. Онаа која и овде во сопствената земја не е како порано. А таму, некаде далеку ќе ми недостасува уште повеќе. И сакам да ги чувам рецептите од специјалитетите на баба ми, зашто само на тој начин ќе се зачува традицијата и ќе опстане народот.
Иако многу ми е жал што ова ќе го кажам, но денеска нема толку добри и вкусни јадења и ретко која млада докаќинка знае да зготви традиционално јадење. И не само тоа – ја немаме ни навикате да јадеме колачи после јадење, а колку само се вкусни…
Ќе ми недостига и мајка ми која после работа ќе ме пречека со убав домашен ручек, која на мене и моите ќерки ќе ни покаже како да го приготвиме ставајќи акцент на домашните состојки и традицијата.
Таму далеку ќе ми недостига и мирисот на скара и вкусот на виното и смеата со пријателите до доцна во ноќта и гозбите што си ги правиме не многу често, но доста квалитетно.
Ќе ми недостига и печеното свинско и колачите на мама за Велигден, како и домашното црвено вино за Божиќ. Сакам да уживај во празниците со најблиските. Не сакам да бидам сама опкружена со непознати и ладни луѓе. Затоа не сакам да заминам.
Не сакам да одам и не ме терајте… Бидејќи таму го нема мирисот на загорено тенџере, ниту пак полињата мирисаат на јорговани и зрело грозје.
Оставете ме да уживам во погледот на децата кои собираат јајца на Велигден низ соседството и пеат коледарски песни.
Оставете ме да шетам слободна низ планините, бидејќи тие кај нас имаат уникатен мирис – никаде на светот нема таков парфем. И оставете ме да си го изгубам погледот во ширината на нашите езера, зашто таквите бисери се ретки…
И сакам само уште еден мирис кој таму го нема. Мирисот на запалена свеќа, во црква, на слава, на свадба… Е оваа миризба никогаш нема да Ви ја дадам господа, продајте си ја Вашата душа, заминете каде сакате, а мене, мене оставете ме овде и не ги уривајте моите корени.