Кајри Ирвинг повторно го спаси Кливленд од пораз, а Мемфис ја декласира Оклахома оставајќи го Расел Вестбрук без ниту една асутенција.
Кливленд против Бостон во последната четвртина влезе со предност од 18 поени, но противникот успа да направи пресврт. Ирвинг во последната минута со неколку добри потези му овозможи на тимот да слави со 124:118.
Ирвинг имаше учинок од 32 поени, 12 асистенции, а „дабл-дабл“ запишаа и Џејмс (23 поени, 11 асистенции) и Лав (30 поени, 15 скокови). Кај Бостон најдобар беше Ајзеа Тома со 31 поен.
Мемфис го искористи лошиот ден на Расел Вевстбрук и ја декласира Оклахома со 114:80. Вестбрук постигна 21 поен (6/19 од поле) имаше и 5 скока, но не успеа да запише асистенција. Суперстарот на Оклахома натпреварот го заврши во третата четвртина кога влезе во вербална расправија со судиите, поради што доби две технички грешки.
Шарлот забележа победа над Мајами 91:92, а Далас како гостин славеше против Лејкерси 101:89.