Инстаграм инфлуенсерката Џеси Тејлор се расплака пред камерите, додека го снимала видеото на Јутјуб во кое ги моли луѓето да престанат да го пријавуваат нејзиниот профил, откако Инстаграм и го избришал.




– Таман ги средив сите фотографии и ми го избришаа профилот, објаснила со солзи во очите Џеси.
Додала дека се наоѓа во Лос Анџелес и дека сака да биде на Инстаграм и дека ништо не е без своите следбеници.




– Се обидував да бидам подобра личност. Размислете пред да уништите нечиј живот, сите пари ги заработувам онлајн, вриштела хистерично девојката.
– Знам дека луѓето сакаат да ме видат понижена, знам дека сакаат да бидам како и другите, да одам на работа од 9 до 17 часот, но тоа не сум јас, вели таа.




– Напорно работев да дојдам до тука и најлошото чувство на светот е тоа што ми го одземавте. Грозно е кога луѓето се против тебе без никаква причина, додава таа.




Потоа таа објаснува дека во минатото работела како проститутка и дека Инстаграм многу и помогнал да престане да се занимава со тоа.




Сега направила нов профил, на кој ја следат повеќе од 1.600 луѓе, но следбениците во коментари молат да и го вратат и стариот профил.
Погледнете го видеото.