Откако во текот на судењето обвинителката Вилма Рускоска не можеше да обезбеди ниту еден цврст материјален доказ со кој би го поткрепила своето обвинение против Игор Дурловски таа денеска изнесе сосема нови основи со кои бара најмалку десетгодишна казна затвор за еден од лидертите на движењето Заедно за Македонија, пишува Експрес.мк.
За Дурловски кој се гонеше дека наводно држел поттикнувачки говори со цел да предизвика хаос и насилство на 27 април, во текот на судењето онвинителката Рускоска не презентираше ниту еден материјален доказ, видео или прецизна изјава на кридибилен сведок за сторен било каков криминал.
Иако обвинителството презентираше десетици видеа со други обвинети од судењето за Дурловски немаше ниту една инкриминирачка снимка.
За да се надомести пропустот во постапката Рускоска сега се служи со сомнителни извјави на двајца од сведоците кои што се појавија на судењето со цел да се бара затвор за Дурловски.
Прочитајте повеќе на ekspres.mk