Арпад Штербик ја имаше главната улога на дуелот со Барселона.
Вардаровиот голман беше главна инспирација на своите соиграчи, благодарение на деветте одбрани во првото полувреме, европскиот првак лесно го „скрши“ каталонскиот тим и сигурно чекореше кон победата.
На крајот Штербик средбата ја заврши со 14 одбрани, која од која поубава.
Една од нив сигурно ќе се најде во Топ-5 листата на ЕХФ за петото коло, по кое Вардар е на првото место во групата А.