Македонските преставници во новата сезона во Балканската кошаркарска лига (БИБЛ), во понеделникот ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се сретнат во првата фаза.
Македонија оваа сезона во БИБЛ ќе биде преставена со четири екипи: Куманово, Карпош Соколи, Кожув и Фени индустри.
Куманово и Кожув во А групата ќе играат против Берое (Бугарија), Башкими и Сигал Приштина (Косово) и Теодо (Црна Гора).
Карпош Соколи и Фени индустри се во Б групата заедно со Тирана (Албанија), Пеќ и Трепча (Косово) и Сутјеска (Црна Гора).