Италијанските судии со години не можат да осудат двајца крадци бидејќи не можат да востановат кој од еднојајчените близнаци стои зад секоја од кражбата.
Судот во Верона пред неколку дена го ослободи Едуардо Труши (34) од обвинувањето за тешка кражба бидејќи ни со ДНК анализа не било можно да се докаже дали на местото на злосторството било тој или неговиот близнак, Едмонд.
Неговиот адвокат, Фабио Порта, вели дека ова не се случило првпат. Судот неговиот клиент го ослободил и во 2016 и во 2017 година бидејќи не можело со сигурност да се идентификува ни со помош на ДНК-метод.
Браќата Труши, кои се етнички Албанци, се еднојајчени близнаци кои се облекуваат исто и имаат исти тетоважи, носат сличен генетски профил и се разликуваат само по отпечатоците од прстите, но за време на кражбите носат ракавици, пишуваат медиумите.
Двајцата имаат дебело полициско досие и се поврзуваат со повеќе стотици кражби во домови, ширум северна Италија.
Полицијата засега не може да докаже ништо.