Последната сезона од „Игра на троновите“ фановите ќе можат да ја видат дури во 2019 година, потврди и официјално „Ејч-би-о“ (ХБО) .
Оваа информација се шпекулира уште од минатиот јуни и се смета за стратешки потег на мрежата, а сега и официјално беше потврдена на Твитер.
Send a raven.#GameofThrones returns to @HBO for its eighth and final season in 2019: https://t.co/FpWV0O0L9i
— Game Of Thrones (@GameOfThrones) January 4, 2018
Последната осма сезона ќе има шест епизоди, кои најверојатно ќе траат од 60 до 80 минути. Објавени се режисерите и сценаристите на последната сезона: Дејвид Бениоф и Ден Вајс ќе го режираат финалето на серијата, а режисерот Дејвид Натер ќе се врати за три епизоди.
Pledge your allegiance, Chicago.
The #GOT7DVD screening of “The Spoils of War” starts now. pic.twitter.com/BOPZmJZ3DM— Game Of Thrones (@GameOfThrones) January 6, 2018
Тој режираше епизоди од петтата сезона од серијата. Мигел Сапоник ќе се врати за две епизоди, откако режира епизоди од петтата и шестата сезона. Оваа сезона ќе биде напишана од Бениоф и Вајс, како и Брајан Когман и Дејв Хил.