Двајца кошаркари на Панатинаикос се соочуваат со затворски казни поради фалсификување на пасоши.
Мајк Џејмс и Кеј Си Риверс, Американци кои играат за Панатинаикос, на 1.декември биле приведени во Барселона бидејќи поседувале лажни пасоши.
Иако кусо време по приведувањето тие биле ослободени, поради лажните пасоши им се заканува затворска казна во времетрањење од три до шест години.
Двајцата играчи минатата сезона настапуваа во Шпанија, Риверс во Реал Мадрид, а Џејмс во тогаш Лаборач Куча, сега Басконија. Кошаркарите во Шпанија настапувале со лажни пасожи на Гвинеја.