Минстерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ за медиумите изјави дека сите детали за смртта на легендарниот српски пејач Шабан Шаулиќ по сообраќајната несреќа во Германија треба дополнително да се испитаат.
Српскиот министер Дачиќ кој бил одличен пријател со кралот на народната музика Шабан Шаулиќ многу тешко ја поднел смртта на пејачот, пренесува Канал 5.
Дачиќ кој од синот на Шабан Шаулиќ бил замолен да помогне околу префрлувањето на мртвото тело во Србија изјавил дека популарниот пејач од удрениот автомобил излегол сам и дека сите детали за смртта мора да се испитаат.
„Шабан од автомобилот излегол сам, но му било толку лошо што лекарите морале да направан некаква интервенција и да го одведат во болница. Му било лошо, но бил свесен. Тој излегол без траги од повреда. Се жалел на проблеми со грлото, градите и дека нешто го гуши. Лекарите повикале хеликоптер и му дале средство за успивање , потоа тој веќе не се разбудил. Во болницата направиле реанимација, го отвориле и востановиле дека дошло до компликации со аортата. Обвинителот сега бара обдукција за да се открие од што починал Шабан, изјавил српскиот министер Ивица Дачиќ.